Connect with us

Фудбал

Хуан Мата сака нов едногодишен договор со „Црвените Ѓаволи“

Кинеската супер лига е позната по купувањата од Премиер лигата, Хуан Мата има понуда да му се придружи на Оскар.

Шпанскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, експресно ги демантираше пласираните информации дека на крајот од актуелната сезона ќе се пресели во кинеската Супер лига.

Одличниот играч за врска планира да потпише нов едногодишен договор со “црвените ѓаволи”, кој ќе му гарантира неделна плата од 165.000 фунти.

За разлика од пред неколку години, шпанскиот интернационалец сега има одлична соработка со контроверзниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.