Connect with us

Фудбал

И покрај повредата, Сорентино му се заблагодари на Роналдо

Голманот на Киево, Стефано Сорентино предвреме го заврши натпреварот против Јувентус, откако поради повреда добиена во дуел со Кристијано Роналдо беше изнесен од теренот.

Голманот по ударот беше зашеметен, а доби и скршеница на носот и го повреди рамото.

Меѓутоа, Сорентино и покрај повредите е воодушевен од постапката на напаѓачот на Јувентус, кој беше многу загрижен за неговата здравствена состојба, односно за повредата која му ја нанесе.

– Роналдо ми испрати порака и беше многу загрижен за она што се случи. Го интересираше дали сум добро. Ти благодарам, легендо, објави денеска Сорентино на социјалните мрежи.

Во 89-та минута додека повредениот Сорентино лежеше на тревата, фудбалерите на Јувентус постигнаа гол, a благодарение на ВАР технологијата погодок беше поништен. Меѓутоа, Киево во саботата сепак беше поразен со 3:2, но Роналдо не постигна гол на неговиот прв натпревар за Јувентус.