Connect with us

Фудбал

И со 40 години ќе игра за Бетис, не планира пензија

Навивачите на Реал Бетис добија подарок за новогодишните празници. Нивниот омилен фудбалер Хоакин Санчез Родригез го продолжи договорот со тимот до 2021 година. Со оглед на тоа дека во моментов има 38 години, тоа значи дека ќе игра за Бетис и со 40 наполнети години.

Хоакин поникнал во овој клуб, за кој дебитираше во 2000-та година. По шест одлични сезони, заминува во Валенсија за 18 милиони евра. Во меѓувреме играше за Малага и Фиорентина, а во Бетис се врати во 2015 година.

Крилниот фудбалер за Реал Бетис одиграл повеќе од 400 мечеви и постигнал 56 голови.