Connect with us

Фудбал

Ибра го „частел“ 50 евра, а сега е нов „Крал на Милано“

Веројатно се сеќавате на приказната од времето на Манчестер Јунајтед кога Ибрахимовиќ и Лукаку играа заедно и кога Швеѓанецот му нудел на Белгиецот по 50 евра за секоја топка која добро ќе ја „смири“. Со тоа Ибра сакал да му порача дека без разлика што има добри квалитети, мора да порабоди на контролата на топката.

Лукаку не му се налутил поради ова, но ги дочека своите пет минути. По победата во дербито, напиша дека тој е новиот крал на Милано.

Ова е јасна провокација на сметка на Ибра, кој при доаѓањето во Милан, односно враќањето во дресот на „Росонерите“ го нарече „Враќање на Кралот“.

На крајот се радуваше Белгиецот, бидејќи Интер иако имаше негатива од 2:0 на полувремето, сепак на крајот славеше во дербито со 4:2.

 

View this post on Instagram

 

there’s a new king in town

A post shared by Romelu Lukaku (@romelulukaku) on

ib