Фудбал
Ибра се врати во Шведска
Напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ се врати во Шведска, каде ќе биде подложен на лекување, пренесува „Скај Спорт Италија“.
Според изворот, авионот со напаѓачот полетал попладне.
Триесет и осумгодишниот Швеѓанец ќе пропушти околу еден месец поради оштетување на мускул на десната потколеница.
Оваа сезона Златан одигра десет натпревари за Милан и постигна четири гола и една асистенција.
Милан вчера соопшти дека за среќа не е повредена ахиловата тетива, туку мускул на десниот бут.