SPORTM.mk
Ибра со насмевка: Јас сум минатото, сегашноста и иднината
Шведска го поздрави враќањето на 42-годишниот Златан Ибрахимовиќ по повредата на коленото во вторникот во пресрет на воведниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Ибрахимовиќ неодамна се врати по пауза од 14 месеци и постигна гол од пенал за Милан против Удинезе.
Тој сега се фокусира на првиот евроквалификациски натпревар со Белгија во петок во Стокхолм.
Запрашан дали има намера да продолжи да игра на Еврото во Германија следната година, Ибра одговори:
„Доколку се чувствувам добро и тренерот ме избере, ќе му помогнам нему, на тимот и на земјата да го дадат најдоброто од себе. Така, мислам дека на мои години не можете да размислувате за иднината, туку размислувате за сегашноста – дури и ако сум минато, сегашност и иднина“, рече тој со насмевка.
Напаѓачот, кој е најдобар стрелец во Шведска со 62 гола на 121 натпревар, но нема постигнато интернационален гол од 2015 година, откри дека имал три операции на коленото во изминатите 14 месеци.
„Во суштина, коленото ми беше отечено осум или девет месеци, но потоа одеднаш се случи нешто пред еден месец и оттогаш сè стана позитивно, па добив енергија од тоа. Оттогаш, можевме да работиме сè повеќе и повеќе, така што, по осум месеци стоење, одеднаш можев да се движам нормално, а потоа се обидов да го играм натпревареот со нормално движење, и стана добра, а потоа го засилив темпото“.