Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ: Ако го сакав бројот 11 ќе го избркав Борини од клубот, но да не почнуваме со проблеми

Златан Ибрахимовиќ е во Милано, го одбра и бројот, а тоа е 21. Новинарите веднаш го прашаа зошто токму тој број. Сепак, Ибра наместо конкретен одговор, коментираше во свој стил.

-Бројот 21 е сосема во ред. Каков однос имам со Борини? Па немам никакви проблеми со него, ако го сакав бројот 11, ќе го избркав Борини од клубот и тоа е тоа. Но, да не почнуваме со проблеми, изјави Ибрахимовиќ.

Кога повторно го прашаа зошто бројот 21, тој одговорил дека ги покажал сите слободни броеви во Милан на своите деца и тие го преферирале бројот 21.

Секако, тој се шегуваше, барем така изјави, иако е познато дека го добива тоа што го сака. Договорот помеѓу Милан и Ибрахимовиќ е до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една година.Ибрахимовиќ има 38 години и во Милано пристигна како слободен играч.