Поврзи се со нас

Фудбал

Ибрахимовиќ е провокатор

Иако поседува голем квалитет, се работи за фантастичен играч, сепак веројатно во светот на фудбалот не постои попрепотентна личност од Златан Ибрахимовиќ. Тоа го докажа и во последната негова изјава.

Имено, пред неколку дена тој на неговиот Инстаграм објави фотографија во дресот на Шведска и напиша: Одамна не сме се виделе. Многумина тоа го протолкуваа како можност за враќање во репрезентацијата.

Сепак, малку подоцна селекторот го објави списокот, а Ибрахимовиќ не беше таму. Синоќа по мечот со Верона беше запрашан за тоа, односно зошто ја објавил таа фотографија, а тој со изјава во негов стил.

-За да ја иритирам Шведска, изјави Ибрахимовиќ.

Иако веројатно кај него постои желба за враќање во репрезентативниот дрес, сепак тоа веројатно нема да се случи. Ибрахимовиќ има 39 години, а иако солидно игра во дресот на Милан, веројатно со репрезентацијата е завршено.

 

View this post on Instagram

 

Long time no see

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

loading...

Facebook