Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ ги кажа условите, кој сака нека повели

Златан Ибрахимовиќ од декември ќе биде слободен играч бидејќи му завршува договорот со ЛА Галакси. Пред неколку дена се прости со овој клуб, но најави дека приказната продолжува, алудирајќи дека се уште не планира да се повлече од активно играње фудбал..

Неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги, пред се Милан, Наполи и Фиорентина од Серие А. Сепак, тој според италијанските медиуми ги кажал своите услови, па кој сака нека повели.

Наводно Ибрахимовиќ побарал месечна плата од 1 милион евра. Тоа значи дека клубот кој сака да го ангажира до крајот на сезоната, односно за шест месеци, ќе мора да му плати 6 милиони евра на Швеѓанецот.

Пред неколку дена се појавија информации дека Наполи му понудил 2,5 милиони евра за шест месеци, но тоа било одбиено.