Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ очекувал повеќе од Интер: Не знам што се случи

Златан Ибрахимовиќ постигна гол на дербито против Интер, што е негов седми погодок во дерби мечевите помеѓу тимовите од Милано. Два пати погодувал во дресот на Интер, а пет пати во дресот на Милан.

Вечерва по мечот изјави дека не знае што се случи со Милан, а дека во првото полувреме очекувал повеќе од Интер.

– Тешко е да се објасни што се случило. На полувремето си кажавме дека првите 15 минути од вториот дел ќе бидат најтешки и клучни, а во тие 15 минути примивме два гола. Како да престанавме да играме, како да престанавме да веруваме, изјави Ибрахимовиќ, кој притоа додаде:

-Чудно е, бидејќи нашето прво полувреме, практично беше совршено. Очекував повеќе од Интер, а во првиот дел не наликуваа на тим кој заслужува второ место на табелата. Но, по паузата покажаа дека заслужуваат, вели Ибра.