Фудбал
Ибрахимовиќ позитивен на коронавирус
Милано, 24 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се зарази со коронавирус, се наведува во официјалната веб-страница на клубот.
Триесет и осумгодишниот Швеѓанец, поради позитивен тест за коронавирус, е принуден да го пропушти вечерашниот натпревар од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа против норвешкиот клуб „Бодо-Глимт“ (почеток 20.30 часот).
Прес-службата на клубот известува дека Ибрахимовиќ нема симптоми на болеста. зс/