Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ секогаш одлучуваше за својата иднина, само летото 2012 неговата судбина ја одреди друг и тоа заради пари

Адријано Галијани поранешен директор и десна рака на Берлускони даде изјава по повод враќањето на Ибрахимовиќ во Милан. Како што тврди тој, Швеѓанецот не сакал да замине од клубот во 2012 година.

-Кој одлучи да ја заврши соработката? Сигурно не Ибра. Воопшто не сакаше да замине. Беше продаден на ПСЖ поради финансиски причини. Секогаш одлучуваше за својата судбина, освен во овој случај, вели Галијани кој продолжи да ја раскажува приказната.

-Во текот на јануарскиот преоден рок, се беше договорено околу заминувањето на Пато во ПСЖ, односно доаѓање на Карлос Тевез од Манчестер Сити. Беше тоа наш сон, тандем Ибра-Тевез. Но, се се изјалови, а кој знае тогаш што би можеле да направиме. Верувам дека би продолжиле да победуваме, но тогаш бевме пред Јувентус. Историјата се промени и Милан заврши на второто место. Дојде лето 2012 година, лето во кое на титулата и кажавме збогум, вели Галијани.

Тоа лето, Пато остана во Милан, Тевез не дојде (една година подоцна потпиша за Милан), а Ибрахимовиќ се пресели во Париз.