Фудбал
Ибрахимовиќ станува нов тренер на Милан?
Шведскиот фудбалер во пензија Златан Ибрахимовиќ би можел да стане тренер на Милан, пренесува италијанскиот весник Ла Република. Во моментов клубот го предводи Стефано Пиоли, но не постигнува завидни резултати ниту во првенството, ниту во Лигата на шампионите. По поразот од Аталанта во првенството 3:2, Италијанците пишуваат за можното заминување на Пиоли од клупата.
Негов наследник би можел да биде Ибрахимовиќ. Уште минатиот месец Италијанците пишуваа дека Ибрахимовиќ најверојатно ќе се врати во клубот, но се уште не е јасно на која функција ќе биде. Се зборуваше дека ќе биде помошник тренер, советник, па дури и спортски директор. Златан во кариерата одигра 163 натпревари за Милан и постигна 93 гола. Со Милан го освои и италијанскиот шампионат.