Connect with us

Фудбал

Идеја на ПСЖ, фантастичен тандем на клупата, дали вакво нешто е можно?

Томас Тухел преговара со Баерн Минхен и не е тајна дека следната сезона можно е да замине од Париз и да седне на клупата на германскиот трофеен тим. Од друга страна, веќе подолго време траат шпекулациите дека Манчестер Сити се подготвува за живот без Пеп Гвардиола.

Сето ова наводно сака да го искористи ПСЖ. Според дел од француските медиуми богатиот шеик Ал Тани има идеја на клупата на тимот следната сезона да седне тандемот Гвадиола-Чави.

Чави ја заврши кариерата во Катар, таму во моментов е тренер на Ал-Саад. Семејството Ал Тани кое е од оваа земја планира во иднина да го купи Лидс, а Чави да биде тренер. Идејата е да биде тандем на клупата на ПСЖ со Гвардиола и да собира искуство.