Connect with us

Други спортови

Иџе казнет во првата трка, ги загуби шансите за шампионската титула

Стефановски имаше одличен старт, по кој од петтото место успеа да се пробие на третото, а потоа во седмиот круг во еден свиог успеа да ги мине првиот во тие моменти Фулин, како и Наѓ, и воедно изби на првото местно. Но поради инцидентот кој го имаше при самото минување, стјуардите проценија дека Иџе бил иницијатор на самиот судир, па Македонецот го казнија со минување низ боксот.

Поради таквиот расплет, Иџе по казната излезе на патеката на осмото место, а со тоа и дефинитивно ги загуби шансите за висок пласман на трката, на која славеше Бугаринот Пламен Кралев, пред Наѓ од Унгарија и Фулин од Чешка. Иџе заостана дури 25 секунди зад победникот.

Во пресрет на втората трка, Иџе сега заостанува 14 бодови зад лидерот во генералниот пласман, Фулин, на второто место е Наѓ со 67, додека Шрајбер е трети со 64 бода. Овие тројца воедно и ќе ја водат последната битка за титулата во ЕТЦЦ шампионатот.