Други спортови
Иџе: “Во Чешка одам на победа“
Агенцијата за млади и спорт преку прес конференција го најави настапот на нашиот најдобар автомобилист во ФИА, Игор Стефановски – Иџе, кој овој викенд ќе ја вози последната трка во Чешка, на патеката Мост, со која ќе се заокружи ФИА ЕТЦЦ шампионатот за оваа година, на која Иџе има огромни шанси за победа и освојување на шампионатот.
На средбата беше присутен комплетниот тим со кој Игор Стефановски Иџе се натпреварува на шампионатот ЕТЦЦ 2017, како и претставници од Агенцијата за млади и спорт.
Автомобилскиот ас Стефановски Иџе истакна дека верува во својот тим и во освојување на титулата.
Убеден сум во освојувањето на титулата и ветувам дека заедно со мојот тим уште еднаш ќе дадеме се од себе. Патеката Мост е непозната за мене, но и досега докажував дека можам да ги совладам и непознатите патеки. Сите мисли ми се фокусирани на мојот последен настап, и во Чешка одам на победа. Воедно сакам да се заблагодарам на АМС за поддршката што ми ја даваат на мене и на мојот тим која резултира со успех – заврши автомобилискиот ас.
Трката во Чешка е закажана за 8ми октомври.