Connect with us

Фудбал

Игра на бековската позиција, но застана на голот на четвртолигашот и ја исфрлија Жирона од Купот на Кралот (ВИДЕО)

Шпанскиот прволигаш Жирона на навистина неверојатен начин го заврши своето натпреварување во Копа дел Реј веќе во второто коло.

Жирона беше исфрлена од четвртолигашот Логронес по изведување пенали (4:3), а херој на вечерта беше 19-годишниот дефанзивец Пол Арнау. Сепак, за разлика од првото коло, кога го постигна единствениот гол на гостувањето кај Еибар, синоќа одлично се снајде во одбраната, бранејќи на голот. Откако голманот Кике Ројо се повреди во продолжението, а беа искористени сите замени, еден од играчите мораше да застане на голот, а Арнау се пријави за тоа и ја заврши работата на највисоко ниво.

Не само што не прими гол во продолжението, туку успеа да го одбрани ударот на Абел Руиз во пенал-рулетот, што му донесе пласман на Логронес во третото коло. Сепак, не случајно Арнау реши да застане на голот. Имено, неговиот татко бил Франсеск Арнау, поранешниот голман на Барселона кој почина пред три години.