Фудбал
Играчите бесни, капитените одлучно кажаа „не“ на челниците на Ла Лига за новите планови
Челниците на елитниот ранг на шпанскиот фудбал планираа оваа сезона неколку натпревари од Ла Лига да се одиграат во САД, но ваквите планови наидоа на остри реакции од играчите на шпанските клубови.
Како што кажува Давид Аганз претседателот на Асоцијација на фудбалери во Шпанија, играчите се бесни поради плановите на челниците на Ла Лига, а одржан е и состанок на капитените и претставниците на сите клубови во Ла Лига.
Аганз истакна дека во септември ќе одржи состанок со претседателот на Ла Лига Хавиер Тебасо за да му го пренеси незадоволството на играчите. Председателот на Асоцијацијата на фудбалери на Шпанија не ја исклучи можноста за играчите да стапат во штрајк доколку Ла Лига не се откаже од организација на натпревари во САД.
„Работите можат да се решат на многу подобар начин. Фудбалот не е само биснис и одлуките не можат да се донесат унилатерално. Уморни сме од тоа и мораме нешто да кажеме. Капитените се изненадени и бесни поради оваа одлука. Сите играчи се против ова, од друга страна некои клубови се за играње на натпревари во САД, но други не сакаат. Јас овде ги застапувам играчите“, истакна Аганза.
Според извештаите на шпанските медиуми на состанокот присуствуваа и Хуан Фран, Коке, Серхио Бускетс, Серхи Роберто, Серхио Рамос, Начо Фернандез, Хозе Луис Гаја, Бруно Сориано, Лео Баптистао и Асиер Илараменди. Секако, тука беа и сите високи членови на Асоцијата на фудбалери во Шпанија.