Connect with us

Фудбал

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд на чекор до трансфер во Втората Бундес лига

Турскиот интернационалец Салих Јозџан е пред разделба со Борусија Дортмунд на крајот од летниот преоден рок, а интерес за него покажува второлигашот Хановер 96, пишува Sky Sport Germany.

Озџан се уште ги разгледува опциите за својата иднина, а раководството на Дортмунд е подготвено да преговара за соодветни понуди за играчот, кој има договор со клубот до 2026 година.

26-годишниот играч од средниот ред беше привлечен со големи очекувања во летото 2022 година од Келн, но не успеа да се наметне кај „жолто-црните“.

Минатата сезона Озџан одигра 34 натпревари за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања, при што не постигна ниту гол ниту асистенција.