Connect with us

Фудбал

Играше за Бриж, Монако, Фенербахче, а сега го облече дресот на Гостивар

Гостивар и официјално се договори со Набил Дирар, поранешен марокански репрезентативец. Вестерло, Бриж, Фенербахче, Монако се дел од клубовите за кои настапувал во својата кариера. Последен клуб пред да дојде во Гостивар за 38 годишниот Мароканец е Шофиланже од Луксембург. Дирар игра на десната странична позиција, најчесто офанзивец.

Има шампионски титули со Монако и Бриж. Во 2017-та година од Монако во Фенер се преселил за 4,5 милиони евра, а многумина сметаат дека би имал далеку поуспешна кариера да не го следеа повредите.