Connect with us

Фудбал

Играше за македонската репрезентација, а сега ќе игра во Втора лига, потпиша за Вардар

Кире Маркоски е новото засилување на Вардар, кој потпиша едногодишен договор со „црвено-црните“. 27 годишниот напаѓач има 5 настапи и 1 постигнат гол за најдобрата репрезетација на Македонија, 6 голови на 16 настапи за младата репрезентација, вклучувајќи ги и настапите на Европското првенство вo 2017-та.

Има над 150 настапи во првата фудбалска лига на Македонија, освоена една титула и два купа. Како интернационалец има настапи во Аел Лимасол на Кипар, и Спартак Трнава каде го освојува купот на Словачка во 2019-та.

Во домашното првенство играше за Македонија ЃП, Работнички, Академија Пандев, Шкупи, а последен негов клуб беше Шкендија.