Connect with us

Фудбал

Игуаин се приклучи на Ибрахимовиќ

Игуаин покрај радоста за трите бода, на овој меч испиша нова историја. Тој стигна до бројката од 101 погодок во Серија А. Претходно има дадено 109 погодоци во шпанската Примера дивисион, што значи дека во две од петте најсилни лиги во светот, ја има надминато бројката од 100 погодоци.

Претходно ова му има успеано само уште на Златан Ибрахимовиќ. Популарниот Ибра има повеќе од 100 погодоци во Серија А, каде играше за Јувентус, Интер и Милан, а бројката од 100 погодоци Швеѓанецот ја надмина и во француското првенство, каде во четири сезони во дресот на Пари Сен Жермен даде 113 погодоци во првенството.