Connect with us

Фудбал

Игуаин за тренерот: Сари е тврдоглав…

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин изјави дека од сите тренери научил многу, но дека Маурицио Сари „извлекол“ најмногу од него. Искусниот Арентинец во текот на својата кариера работел со Пасарела, Капело, Жозе Мурињо.

-Многу научив од сите тренери со кои работев, но без дилема Сари е единсвтвениот кој го извлекол најдоброто од мене. Никогаш не се откажува. Сари е толку тврдоглав, што во мојот случај помага. Имаме добар однос, двајцата сме тврдоглави, понекогаш имаме конфликти и се караме, но тоа е добар конфликт, изјави Игуаин.

Двајцата соработуваа и во Наполи во сезоната 2015/2016, кога Игуаин постигна 36 голови.

Заедно беа дел и од Челзи.