Connect with us

Фудбал

Икарди не е задоволен од изданието со Сампдорија

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди рече дека не е задоволен од играта на неговиот тим прикажана синоќа на средбата со Сампдорија и покрај победата од 3:2.

– Не сум задоволен и можам да кажам дека сум дури и лут. Имав неколку добри шанси кои не ги реализирав. Морам да напредувам во тој сегмент. Не смееме да дозволиме после ваква игра да стравуваме за победата во судиското продолжение. Знаеме каков тим имаме и што можеме да направиме, изјави Икарди.

Аргентинскиот напаѓач постигна два гола против Сампдорија и стигна до вкупно 11 погодоци по само 10 рудни во италијанскиот шампионат.

Од него поефикасен е само Чиро Имобиле со 13 гола.