Connect with us

Фудбал

Икарди не знае да застане, дали Интер ефтино го продаде на ПСЖ?

Икарди од следната сезона ќе биде фудбалер на ПСЖ, бидејќи францускиот првак планира да го откупи договорот на Аргентинецот. Во моментов настапува како позајмен од Интер, но клаузулата во договорот ќе биде активирана, па ПСЖ ќе му исплати на италијанскиот тим 65 милиони евра како што е договорено.

Тој е во одлична форма. Вечерва Икарди повторно се запиша во листата на стрелците на мечот против Лил, што е негов десетти гол на последните девет натпревари. На само еден натпревар, оној против Дижон, кој ПСЖ го загуби со 2:1 напаѓачот не се запиша во листата на стрелците.

Со оглед на тоа каква е цената во моментов на фудбалерите, и какви пари се „вртат“ во фудбалот, се чини дека ефтино Интер го продаде нивниот најдобар фудбалер во изминатите неколку сезони.