Connect with us

Фудбал

Икарди: Невообичаено чувство

Капитенот на Интер Мауро Икарди кој беше најзаслужен за победата во градски дерби со Милан со три постигнати гола, по натпреварот не го криеше задоволство од резултатот и одличното свое издание.

– Посебно е чувството, не можам да го опишам. Знаев дека морам да постигнам гол. Ги оставам критичарите да зборуваат, а потоа го правам тоа што треба на теренот за да му помогнам на мојот тим и да ја оствариме целта. Не можете секогаш да постигнувате голови се разбира, но среќен сум за Интер и оваа победа, рече Икарди.

Тој си ја однесе дома топката со која го постигна третиот гол како спомен за победата на Интер (3:2) со трите негови постигнати погодоци.