Connect with us

Фудбал

Икарди, Перишиќ, Жоао Марио за младата ѕвезда на Ајакс

Ако може да му се верува на италијанскиот „Кориере дело Спорт“, Интер во летниот преоден рок ќе се обиде да ја ангажира младата ѕвезда на Ајакс и тоа за 110 милиони евра.

Наводно спортскиот директор на „Нероаѕурите“ Бепе Марота веќе ја затворил финансиската конструкција за Дони Ван де Бек. Имено, тој планира да инкасира 70 милиони евра од Мауро Икарди и ПСЖ, 20 милиони евра од Иван Перишиќ и Баерн Минхен и 18 милиони за Жоао Марио од Локомотив Москва. Овие тројца фудбалери во моментов се на позајмица за право на откуп од спомнатите клубови.

Ван де Бек има 22 години и игра на позицијата офанзивен играч за врска. Според „трансфермаркт“ неговата пазарна цена во моментов е 50 милиони евра.

Оваа сезона во дресот на Ајакс, на 7 меча Ван де Бек запиша два гола и една асистенција.