Connect with us

Фудбал

Икарди со хет-трик го реши дербито на Милано

Мауро Икарди постигна три гола и му донесе победа на Интер синоќа во градското дерби со Милан кое заврши 3:2.

Аргентинецот погоди во 28. 63. и 90. минута од пенал, додека стрелци на головите за Милан беа Сусо (56. минута) и Самир Хандановиќ (автогол 81. минута).

Икарди оваа сезона стигна до вкупно девет голови и е трет стрелец во Италијанското фудбалско првенство.

Неговиот клуб Милан се искачи на втората позиција со 24 бода, само два помалку од лидерот на табелата Наполи.

Милан по четвртиот пораз има половичен успех, 12 бодови од можни 24 доволни за 10.место, далеку послабо од амбициите што ги имаше пред почетокот на сезоната во Серија А.