Connect with us

Фудбал

Интер 2, Манчестер Јунајтед 0

Како што стојат работите, Интер е на добар пат во краток рок да зададе два удари на раководството на Манчестер Јунајтед.

Како што е познато, Ешли Јанг одби да го продолжи договорот со „Црвените ѓаволи“ и како слободен играч ќе се пресели во Милано во јуни, бидејќи според медиумите веќе има договорено се со Интер.

Но, од Англија стигнуваат и информации дека италијанскиот тим го победил Јунајтед во трката за Кристијан Ериксен. Наводно тој ја одбил понудата да се пресели на „Олд трафорд“, бидејќи ја одбрал „Џузепе Меаца“.

Газета дело Спорт објави дека Манчестер Јунајтед постигнал договор со Тотенхем „тежок“ 23 милиони евра, но сепак Ериксен ја одбил понудата на „Црвените ѓаволи“.

Играчот за врска јасно порачал дека во јануари сака да замине од Тотенхем, а неговата желба била Интер. Се чини дека во рок од неколку дена Интер со 2:0 ќе го добие Манчестер Јунајтед.