Connect with us

Фудбал

Интер бара над 30 милиони евра за играч кој го сметаат за промашување

Габигол игра одлично во Фламенго, со кого ја освои Копа Либертадорес, а токму тој беше стрелец на два гола во победата од 2:1 против Ривер Плата во финалето. Во моментов е водечки стрелец во бразилската лига, а на чекор е до освојување на шампионската титула.

Според информациите, Интер ќе ја прекине позајмицата и во јануари ќе се обиде да го продаде за да донесе засилувања во нападот и средниот ред.

Има заинтересирани клубови, пред се од Премиер лигата, Интер бара над 30 милиони евра, а се појавија и информации дека би можел да биде дел од пакетот, заедно со Политано, за размена со Фиоренина за Киеза.