Connect with us

Фудбал

Интер без Политано еден месец, големи проблеми за Конте

Само што влезе во игра на мечот со Борусија Дортмунд, Матео Политано се повреди. Но, со оглед на тоа дека веќе беа извршени трите измени, тој остана до крајот на мечот на теренот, иако со болки во ногата.

Информациите од Италија велат дека Политано ќе им се приклучи на Дамброзио, Санчез, Гаљардини, Азамоа на листата на повредени играчи. Прогнозите се дека крилниот напаѓач нема да може да игра еден месец.

Тоа му прави главоболки на Антонио Конте, кој во нападот сега ќе ги има само Мартинез и Лукако, а како замена останува само младиот Еспозито. Токму поради недосигот на играчи за ротација Конте беше бесен по поразот од Борусија Дортмунд. Директорот Бепе Марота најави трансфери во јануари, а кој ќе биде ангажиран, останува да се види.