Connect with us

Фудбал

Интер доби понуда за Бразилецот, ќе се одлучи ли на продажба?

Англискиот тим Вест Хем испратил понуда до Интер за трансфер на напаѓачот Габриел Барбоса, кој настапува како позајмен во Фламенго, тим со кој ја освои Копа Либертадорес и бразилското првенство. Понудата е 20 милиони евра за трансфер во јануари, а останува да се види дали Интер ќе ја прифати.

Се очекува такво нешто да се случи бидејќи од порано е јасно дека Антонио Конте не планира да го враќа Габигол во Милано.