Connect with us

Фудбал

Интер го презема врвот, Лацио во страшна серија

Интер е нов лидер во Серие А откако попладнево го искористи киксот на Јувентус против Сасуоло (2:2), и по победата против Спал од 2:1. Стрелец на двата гола беше Лутаро Мартинез кој собра 8 погодоци во досегашниот тек и се најде на третото место на листа на стрелците. Голот за Спал го постигна Валоти.

Лацио е во фантастична форма и серија. Против Удинезе славеа со 3:0, со што ја забележаа шестата победа во низа или седма на последните девет меча на кои тимот од Рим нема пораз. Последен пат Лацио бил поразен од Интер со 1:0 на „Џузепе Меаца“ во месец септември. Од тогаш има седум победи и две нерешени средби. Добрите игри му донесоа продор на третата позиција на табелата. Стрелци на головите беа Имобиле (2), од кои едниот од пенал и Алберто од пенал. Имобиле е најдобар стрелец во Серие А во досегашниот тек од сезоната со дури 17 постигнати голови.

Резултати Серие А.

Недела:

Јувентус – Сасуоло 2:2

Интер – Спал 2:1

Лацио – Удинезе 3:0

Парма – Милан 0:1

18:30 ч. Наполи – Болоња

20:40 ч. Верона – Рома

Сабота:

Бреша – Аталанта 0:3

Џенова – Торино 0:1

Фиорентина – Лече 0:1

Понеделник:

Каљари – Сампдорија

Standings provided by Sofascore LiveScore