Connect with us

Фудбал

Интер го промовираше капитенот на Манчестер Јунајтед

Ешли Јанг и официјално е нов играч на Интер. Италијанскиот тим предмалку на својата официјална страница го промовираше фудбалерот. Како што соопшти Интер, договорот е до јуни 2020 година, со можност да биде продолжен.

На Јанг, кој досега беше капитен на Манчестер Јунајред, му истекуваше договорот во јуни, но сепак двата тима се договорија тој во Милано да се пресели во јануари во трансфер вреден 1,5 милиони финти.

Јанг има 34 години и игра на позицијата десен бек. Во Интер ќе го носи дресот со број 15.