Connect with us

SPORTM.mk

Интер и Челзи во трка, Сампдорија извиси за бразилски дефанзивец

Голем број на европски клубови се заинтересирани за дефанзивецот на Сантош, Лукас Верисимо. Бразилските гиганти веќе одбија понуда од Сампдорија, но се соопштува дека има зголемен интерес од Аталанта, Челзи и Интер.

Вчера имаше информации дека Сампдорија речиси сигурно ќе ги обезбеди услугите на Лукас Верисимо за 5 милиони евра, но претседателот на Сантош, Жозе Карлос Перез одби таква понуда и го запре трансферот.

Бразилскиот клуб сака околу десет милиони евра за дефанзивецот.

Бразилскиот гигант доживува финансиски тешкотии и скоро сигурно ќе го продаде својот фудбалер.