Connect with us

Фудбал

Интер и Милан повторно ќе имаат трампа?!

Интер и Милан во претходните неколку години „разменуваа“ играчи без разлика на големото ривалство на теренот.

Според „Калчиомеркато“ Интер има интересна идеја. На градскиот ривал ќе му го понуди Матијас Весино, а во спротивна насока да дојде Франк Кеси.

Наводно Конте го цени овој играч, па е подготвен да го понуди Весино во целата „операција“. Весино требаше да биде дел од договорот со Тотенхем за трансфер на Ериксен во Милано, но Уругваецот одби да се пресели во Премиер лигата.