Поврзи се со нас

Фудбал

Интер и Реал Мадрид во јануари подготвуваат голема размена

Се погласи се шпекулациите дека Кристијан Ериксен во јануари ќе го напушти Интер. Иако беше донесен како големо засилување, сепак Данецот никако да ги покаже квалитетите во дресот на „Нероаѕурите“ како што тоа го правеше во Тотенхем.

Поради тоа Антонио Конте е подготвен да се откаже од неговите услуги, а се чини дека раководството на тимот пронајде начин. Наводно според дел од италијанските медиуми, Ериксен во јануари ќе се пресели во Реал Мадрид, додека во спротивна насока ќе пристигне Иско. Слично како Ериксен, така и Иско кај Зинедин Зидан, добива мала минутажа, па има желба и кај него да замине.

Останува само да се види дали оваа зделка ќе биде реализирана.

 

loading...

Facebook