Connect with us

Фудбал

Интер има план, продажба на Габигол и ангажирање на италијанската ѕвезда

Иако Габигол „експлодираше“ во дресот на Фламенго, каде настапува како позајмен од Интер, сепак италијанскиот гигант нема намера да го врати. Она што италијанските медиуми пишуваат е дека Конте има друг план. Тоа е да се искористи одличната форма на Габриел Барбоса, да се земе од неговата продажба 30 милиони евра или повеќе, а тие пари да се пренасочат кон купување на Енрике Кјеза.

Тој не е во добри односи со челните луѓе во Фиорентина, има интерес и од Јувентус за него, но Конте веќе дал „зелено светло“ на Бепе Марота и Пјеро Аусилио да ја започнат мисијата.

Неговата цена е околу 50 милиони евра, па продажбата на Габигол би покрила дел од овие пари, а дел би се собрале од други места. Она што ќе му преостане на Антонио Конте е самиот да се сретне со Федерико Кјеза, татко на фудбалерот на Фиорентина и да го убеди да се пресели во Интер.