Connect with us

Фудбал

Интер купува надвор од преодниот рок, пронајдоа голман кој најмногу го мрази Јувентус

Состојбата околу Самир Хандановиќ не е добра, дури се зборува дека повредата на прстот е многу потешка од што се претпоставуваше, па Интер размислува да донесе нов чувар на мрежата.

Слободен е Емилијано Вивиано, кој има шест настапи за репрезентацијата, бранеше во Интер, но не доби вистинска шанса. Искусниот чувар на мрежата (34) е без клуб, а авантурата во Спортинг не заврши како што треба, па заврши во СПАЛ.

Сепак, неколку месеци не бил активен, по што доколку ги помине лекарските и физичките прегледи би можел да потпише договор.

Инаку, Вивиано е познат како голем фан на Фиорентина, инаку роден во овој град, но како што секогаш истакнува, најмногу го мрази Јувентус и дека повеќе се радува на поразите на овој тим, отколку на победите за екипите за кои настапува.

Иако преодниот рок заврши, сепак екипите можат да потпишат договор со некој играч доколку е слободен.