Фудбал
Интер на “колена”, Рома славеше во Милано и без Мурињо
Фудбалерите на Рома го победија Интер во Милано со резултат 2:1 во осмото коло од италијанската Серија А.
По трите последователни порази од својот поранешен тим, Жозе Мурињо конечно успеа да ги совлада „нероаѕурите“ каде вечерва не го предводеше својот тим поради суспензија на претходниот натпревар.
Тимот го предводеше помошникот Салваторе Фоти, Португалецот изненади многумина оставајќи го Тами Абрахам на клупата, но на крајот резултатот рече дека не погрешил.
Домашните подобро го отворија натпреварот и тоа веќе беше видливо во првите неколку минути, па први ја затресоа мрежата во 10. минута од средбата кога Џеко погоди.
Голот беше признат на почетокот, но по интервенцијата на ВАР беше поништен поради офсајд.
Тоа не ги поколеба играчите на Симоне Инзаги, кои стигнаа до регуларен гол, Федерико Димарко се најде на работ од шеснаесетникот и по додавањето на Барела, со прецизен удар го матираше Патрисио во 30. минута.
Рома веднаш одговори на најдобар можен начин, девет минути подоцна Спинацола упати добар центаршут од левата страна, а Пауло Дибала упати добар волеј за 1:1.
Можеби Словенецот можеше подобро да реагира во таа ситуација…
Второто полувреме го одбележа солидна и не претерано атрактивна игра, судијата Маса во рок од 20 минути додели четири жолти картони, за во 75. минута да следи тотален пресврт.
Пелегрини испрати одлична топка во шеснаесетникот на Нероаѕурите, а таму најдобро се снајде Крис Смолинг кој со глава ја затресе противничката мрежа.
Интер тргна на се или ништо, но избраниците на Жозе Мурињо под команда на Фоти успеаја да ги блокираат сите приоди кон голот и да постигнат многу значајна победа, прва за „Специјалниот“ против неговиот поранешен клуб откако се врати на Апенините.