Connect with us

Фудбал

Интер со Конте до нов историски момент

Интер славеше синоќа на гостувањето кај Бреша со 2:1 со головите на Лутаро Мартинез и Ромелу Лукаку. Барем до вечерва „Нероаѕурите“ ќе бидат лидери на табелата со два бода пред Јувентус, кој гостува на Горан Пандев и Џенова.

За Интер ова беше осма победа во десеттиот натпревар сезонава во Серија А.

Освен победата, вреди да се спомне и дека со синоќешната победа Антонио Конте стана прв тренер на Интер чиј состав успеал да постигне барем по еден гол на сите 13 воведни меча од една сезона во сите конкуренции. Интер досега не одигра ниту еден натпревар без голови во Серие А и во Лигата на шампионите.