Connect with us

Фудбал

Интер тргна силно, Лаутаро Мартинез докажа дека ќе згрешат доколку го пуштат

Интер денес одигра пријателски натпревар против швајцарски Лугано и славеше убедливо – со резултат 5: 0.

Антонио Конте го подготвува тимот за новата сезона во Серија А, а ново лице на овој натпревар беше Хакими, кој пристигна од Реал Мадрид, додека нападот го предводеа Лаутаро Мартинез, кој упорно се поврзува со Барселона и Алексис Санчез.

Најмногу се истакнаа и двајцата, Санчез запиша две асистенции, а Мартинез постигна два гола и му докажа на управата на Интер дека ќе биде грешка доколку го пуштат.

Далберт беше стрелец на првиот гол, едниот беше автогол што го „заработи“ Хакими, а конечните 5:0 беа поставени на самиот почеток на второто полувреме, кога Лукаку погоди од белата точка.

loading...

За Интер од почетокот на натпреварот играа Хандановиќ, Бастони, Ранокија, Шкрињар, Далберт, Галјардини, Барела, Хакими, Сенси, Мартинез и Санчез.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com