Connect with us

Други спортови

Интересен почеток на Австралија Опен, Вилијамс отпадна во прва рунда

Започна гренд слем турнирот во Мелбурн, Австралија Опен, и тоа со разочарувачки настап на тенисерките од најдоминатната земја во овој спорт.

Првиот ден на гренд слем турнирот Австралија опен ќе биде запаметен по катастрофалниот настап на американските тенисерки. Овој тунир остана без петтата носителка и минатогодишна финалистка, Венус Вилијамс, откако за шокантниот почеток се погрижи Швајцарката Белинда Бенчиќ, која славеше против постарата од сестрите Вилијамс со 6:3, 7:5. Мечот на “Род Лејвер” арената траеше 115 минути.

Слоун Стивенс, е елиминирана уште во првото коло во Мелбурн, откако од неа подобра беше Жанг Шуаи со 2:6, 7:6, 6:2.Интересен е податокот кој вели дека Стивенс од освојувањето на САД Опен во септември ги загубила сите натпревари. Минатогодишната полуфиналистка, Коко Вандевеј е елиминација од Унгарката Тиме Бабош со 7:6, 6:2. Русинката Екатерина Макарова загуби од Романката Инина Бегу со 3:6, 6:4, 8:6, Словачката Доминика Цибулкова е елиминирана од Естонката Каја Канепи со 6:2, 6:2.