Connect with us

Тајмаут

Инцидент пред фудбалскиот натпревар АЕК – Милан во Атина

Искршени стакла и вагони, крв, исплашени патници остави зад себе тепачката пред почетокот на фудбалскиот натпревар АЕК – Милан во Атина одигран вчера.

Според грчките медиуми, околу 50 навивачи на атински АЕК со бејзбол палки, дрва и камења нападнале вчера навивачи на Милан на станица од електричната железница во близина на Олимпискиот стадион каде што се одигра мечот во Лига Европа.

Навивачите на АЕК биле комплетно маскирани и се наоѓале на станицата, а кога пристигнал возот и се отвориле вратите, влегле и започнале да удираат по навивачите на Милан, соопшти денеска полицијата.

За да се избегнат инциденти, за фановите на росоњерите имало организиран превоз со автобус, но група од околу 80 навивачи, решиле сами да стигнат до Олимпискиот стадион, најверојатно откако претходно прошетале во центарот на Атина.

Инцидентот се случил пред десетици граѓани кои во тој момент се нашле на станицата, а хулиганите зад себе оставиле материјална штета.