Фудбал
Исчезнаа младите разголени девојки, ФФМ по трет пат ја врати ФБ страницата: „Време беше“
Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево информираше дека конечно имаат пристап до официјалната страница на ФФМ на ФБ.
„Време беше Еве сме, повторно. Споделувај и се гледаме!“, напишаа тие.
Хакерите кои упорно ја пробиваат шифрата на луѓето кои ја водат страницата „Фудбалска репрезентација на Македонија“ објавуваа форографии на млади разголени девојки, чии години лесно може да ги сместат во категоријата малолетни. Поради тоа, луѓето од ФФМ беа жестоко нападнати од јавноста, а речиси да немаше јавна личности која не искажа револт или барем мајтап од ваквата неспособност на оперативниците кои го предводат македонскиот фудбал.