Connect with us

Фудбал

Иско: Еден ден ти си Бог, а потоа погрешиш пет додавања и сакаат да те избркаат од Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид изјави дека не е лесно да ди играч на Реал Мадрид, бидејќи се бара секогаш да се игра на највисоко ниво.

– Не гледам вести и не читам весници. Сакам да се држам на страна од пофалбите. Еден ден, ти си Бог, но следниот ден, ќе погрешиш пет додавања и веднаш си на „тапет“ и бараат да си заминеш. Знам многу добро како стојат работите, изјави з ашпанските медиуми фудбалерот од средниот ред на Реал.

Јас пораснав со фудбалот. Сум поминал разни ситуации на теренот. Секогаш треба да се стрмите да одите нагоре, додава Иско.

Запрашан за престижната награда „Златна топка“ Иско на новинарите им одговори дека неа треба да ја добие Роналдо.

– Апсолутно заслужи да ја добие Кристијано Роналдо. Би бил вистински сон да бидам меѓу фаворитите, но пред мене се Серхио Рамос, Лука Модриќ,….рече Иско.