Connect with us

Фудбал

Иско: Целосно го поддржуваме Зизу, важно е да се вклучи целиот тим против Тотенхем

Играчот на Реал Мадрид, Иско, вели дека тимот целосно го поддржува тренерот Зинедин Зидан.

Играчот од средниот ред, кој се проби во првиот тим кон крајот на минатата сезона и сега е практично стандарден првотимец, рече дека тимот е “100 проценти со Зидан за се што ни даде минатата сезона” пред дуелот со Тотенхем.

“Целосно стоиме зад Зизу, нормално дека оние кои го направиле најдоброто во тренинг ќе играат. Важно е да се вклучи целиот тим “, продолжи тој.