Connect with us

Фудбал

Искри во соблекувалната на Реал Мадрид поради одредени играчи во стартната постава

Реал Мадрид загуби со 4:1 на гостувањето кај Валенсија викендов, а мадридски „АС“ пишува дека во соблекувалната имало искри. Наводно одредени играчи биле незадоволни со одлуките на Зинедин Зидан, особено на онаа за почетниот состав. Одредени играчи покажале незадоволство бидејќи Зидан направил непотребни измени во составот.

Најголемото изненадување било тоа што Тони Крос и Ферланд Менди останале на клупата, а шанса добиле Марсело и Иско кои некое време не се во форма.

„АС“ пишува дека одредени играчи жестоко негодувале поради ваквата одлука, но Зидан сето тоа го игнорирал и по мечот воошто не им дозволил на играчите да коментираат одлуки околу составот.