Фудбал
Историјата вели Интер вечерва паѓа на „Камп Ноу“
Барселона вечерва го пречекува Интер во првото од трите преостанати финалиња во групната фаза од Лигата на шампионите.
Каталонците пред осум дена загубија на „Џузепе Меаца“ со резултат 1:0, имаат три бода помалку од Интер и императив победа.
Историјата е 100% на страната на Барселона, која во пет наврати беше домаќин на Интер и има импресивен учинок од пет победи и гол разлика 10:1.
Барса и Интер се сретнаа во две последователни сезони во групната фаза од Лигата на шампионите, во 2018 и 2019 година, Каталонците победија со 2:1 и 2:0, а претходно во полуфиналето во 2010 година против тимот на Мурињо, но тоа беше 1:0 и не беше доволно за пласман во финалето бидејќи на гости загубија со 3:1.
Во истата сезона Барса беше со Интер и во групата есента 2009 година победи со 2:0.
Првата средба се одигра во 2003 година, кога на Камп Ноу беше 3:0.
Така, историјата вели – Барса мора да победи против Интер вечерва.