Connect with us

Фудбал

Италија водеше со 2:0, а потоа се спасуваше, но сите зборуваат за оваа акција на Белгија (ВИДЕО)

Италија водеше со 2:0 против Белгија, но на крајот мораше да спасува бод. Причина за ова е секако директниот црвен картон на Пелегрини во првото полувреме, кога опасно стартуваше врз противнички играч од зад грб.

Италија поведе со голот на Камбијасо во прва минута, а Ретеги зголеми на 2:0 во 24-та. Во 38-та Пелегрини добива директен црвен картон, што го менува текот на мечот. Од овој прекин, Белгија изведува акција од учебниците, по која Де Кујпер намалува на 2:1. Тросард во 61-та израмнува на 2:2, резултат кој остана до крајот на мечот. Италија и натаму е лидер во оваа група со 7 бодови, пред Франција со 6 која со 4:1 го совлада Израел. Белгија има 4 бодови, а Израел е без бод.

Standings provided by Sofascore